Присуството на Мицкоски во Благоевград е историски настан, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски вечерва изјави дека е добро што македонскиот културен клуб во Благоевград носи име на личност која е позитивно прифатена од двата народи.

-Тоа е еден од најголемите бардови на македонската поезија кој што творел и на бугарски јазик и како таков човек не е негативна личност. Таму се промовираат европски ликови, за разлика од некои бугарски здруженија тука во Македонија. Ние како партија ги поддржуваме и другите македонски здруженија кои не се стигнати до регистрација. Нивната кауза е и наша кауза – нивната борба е и наша борба. Полесно е да живеете како Македонец во САД или Западна Европа, но еднакви имате права имате и ако сте Македонец кој живее во Бугарија. Тие денеска не најавија дека го затвораат клубот, туку дека продолжуваат со својата борба. Османи наместо да шири манипулации, треба повеќе да се занимава со сопствениот двор и да ги среди работите кои не функционираат во МНР, рече Андоновски во вестите на Тв Сител.

Според него, присуството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и партиската делегација во Благоевград на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров е историски настан“.

-Можеби ќе се навраќаме по 10 или 15 години на ваквите настани и ќе зборуваме со гордост дека Македонците за првпат отвориле културен клуб во Бугарија, а постоеле партии од Македонија кои тоа го поддржале, првенствено ВМРО-ДПМНЕ, порача Андоновски.

Слични содржини