Продолжува потрагата по исчезнатиот велешанец кој спасуваше екипа на ЕВН

од Nikola Popovski

Потрагата по исчезнатиот Спасе Димовски од Велес продолжува.

Пред неколку дена, на 6 август во селото Белештевица, велешко, во место викано „Лавчани“ 51- годишниот Димовски во обид со трактор да им помогне на екипа на ЕВН беше однесен од надојдената вода од реката Вардар.

Уште на стартот во акцијата за пронаоѓање на Димовски се вклучи и ЕВН која понуди помош на Министерството за внатрешни работи.

Слични содржини