Продолжува шверцот на добиток од македонска на албанска територија

од Radmila Tasevska

Продолжува шверцот со добиток од територијата на Република Северна Македонија на албанска територија, од страна на жители на албанските погранични населени места, за што постојат основи на сомненија дека го прават во соработка со лица од Северна Македонија, јавија медиумите.

Последен ваков случај е откриен денеска во селото Рајце, кај Пермет, кое е во погранично село на албанско-македонската граница кај Струга.

-Лицето И.А. (62) е притворено поради шверц на добиток од Северна Македонија во нашата земја. Тој беше уапсен во село Рајце додека управувал возило „мицубиши“ каде превезувал две телиња со поголема тежина. При увид во штала сопственост на приведениот, пронајдени се уште шест говеда за кои постојат основи на сомненија дека се прошверцувани на ист начин, бидејќи не биле регистрирани според соодветните правила, стои во полициското соопштение.

Процедуралните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Елбасан за понатамошни дејствија.

Ова не е прв отркиен случај на шверц на добиток од македонска на албанска страна. Неодамна албанската гранична полиција приведе две лица, жители на селото Маќелари, кое е во близина на албанско-македонска граница, кај преминот „Блато“.

Тие превезувале неколку грла групен добиток без соодветна документација што ги прошверцувале преку зелената граница со Северна Македонија, кај Дебар.

Според медиумите, во истрагата албанските ќе соработуваат со македонските колеги со цел откривање на лицата вмешани во нелегалната трговија со добиток. Додаваат дека поради повисоката цена на месото во Албанија зачестени се обидите за шверц на добиток.

Слични содржини