Промоција на книгата „Творецот и сотворецот“ од Марија Гиревска

од Vladimir Zorba

Книга есеи „Творецот и сотворецот“ од Марија Гиревска во издание на „Култура“ ќе биде промовирана денеска во Друштвото на писателите на Македонија.

Книгата говори за опитот и средбата на големиот ирски писател Џејмс Џојс со православната литургија додека живеел и пишувал во Трст. Пишувана низ призмата на правослaвното богословие, оваа книга се сосредоточува на алузиите на Светото писмо во Џојсовиот роман „Улис“.

„Творецот и сотворецот“ во ДПМ ќе ја промовираат проф. д-р отец Стефан Санџакоски и проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер.

Марија Гиревска е професор на Богословскиот факултет, магистер по теологија, а магистрирала и докторирала и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Се занимава со книжевен превод, а за преводот на „Улис“ од Џејмс Џојс е добитник на наградата „Златно перо“ во 2013 година.

Досега ги има објавено книгите „Чувари на несвесното: англиски надреализам“ (2015) и „Сенишни светла: готика, фантастика, раскази“ (2017) во издание на „Култура“.

Слични содржини