Протест против дигитализација на учебниците: „За нови реформи треба да ги погледенете условите во нашето општество!“

од Берта Китинска

Родителите од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ денеска во 18 часот излегуваат на протести.

“Денес во 18:00 часот со мирни протести во секој град да покажеме какви реформи сакаме! Да покажеме дека сакаме повлекување на законот предложен преку ноќ!

за нови реформи се работи будно госпоѓо министерке!

за нови реформи треба голема анализа и евалуација!

за нови реформи треба да се согледаат потребите на учениците!

за нови реформи треба да ги погледенете условите во нашето општество!

за нови реформи треба да знаат родителите и да се согласат со истите!

за нови реформи е потребен стручен тим кој има повеќе знаење и искуство од вас министерке !

денес во 18:00 часот во секој град во Македонија !Денес во 18:00 часот во Скопје мирен марш со почеток пред министерството за образование и наука !Ве молам почитувајте ги мерките за време на пандемија и носете заштитни маски.Ве молам да биде мирно и без нарушување на јавниот ред и мир”, информираат од здрушението.

Вчера за само три часа ги собраа потребните 100 иницијални потписи за референдум на државно ниво откако минатата година Собранието ја одби нивната иницијатива како некомплетна. Потписи се собираа во подрачните единици на ДИК во Битола и во Скопје.

За МОН апсурдно е да се блокира напредокот на образованието.

-Правото на покренување на иницијатива за референдум е легитимно, затоа што е уставно загарантирано. Но сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана, апсурдно е на референдум да се блокира напредокот и дигитализацијата со која се осовременува образованието. Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот, велат од Образование.

Слични содржини