Протест против висококатниците кај „Холидеј Ин“: Ни го сервираат „Скопје 2021“

од Nikola Popovski

„Зелен хуман град“ и „Шанса за Центар“ попладнево организираа протест пред ОЈО, поради, според нив, тоа што се гради спроти хотелот „Холидеј Ин“, според државната комисија за спречување корупција е нелегално и постои сомнеж за злоупотреба на службената положба.

-Постои сомнеж за корупција. Никој не знае како Министерството за транспорт и врски во 2018 година продало над 9.000 квадратни метри државно земјиште, во време кога ДУП-от не се спроведува за таа парцела и ние ги бараме тие одговори и од Министерството и од Државниот Инспекторат за градежништво и урбанизам во склоп на тоа министерство“, посочија демонстрантите.

Според нив, ако сакаме да спречиме корупција, не треба органите на власта да ги штитат инвеститорите.

-Централната власт наводно се бореше против Скопје 2014, но ни го сервираше Скопје 2021. Со она што се дозволува да се гради според ДУП за 9 пати е зголемен бројот на жители во споредба од она што го дозволува ГУП. Доколку се спроведе ова што се гради, овој предел ќе биде најгусто населен во светот, ќе има крајно нехумани услови за живот. Ние сметаме дека такво злоупотребување на граѓаните е недозволиво. Тие луѓе што велат дека се оштетени и живеат на тој дел можат да бидат обесштетени од државниот буџет, а Општината Центар е должна да ги усвои планот за суспензија на тој ДУП бидејќи во него се наведени сите аргументи поради кој тој план е спротивен на Генералниот план за Скопје. Таков план не смее да се спроведува“, рече актуелната советничка во Град Скопје, Драгана Велковска од „Зелен хуман град“.

Слични содржини