Против настинка, паразити, бактерии… Лековити својства на каранфилчето

од Elena Daskalova

Каранфилчето е зачин кој е лесно достапен во продавниците и не е скап, а неговите лековити својства не можат да се набројат на прстите од двете раце.

Благодарение на него, можете да си помогнете при голем број тегоби, но и да го подобрите вкусот на десертите, овесната каша, да го додавате во чај или во греено вино, примените се многубројни.

Уште одамна е познато дека има аналгетски својства и особено делува при забоболка. Доволно е да се држи точно до забот кој боли и за кратко време ќе ја ублажи болката. Во исто време, ја смирува воспаленоста на непцата.

Исто така, има и антипаразитски својства и помага при прочистување на целото тело од микроорганизми. Делотворно е и при габични инфекции. Секојдневно додавајте мала количина во чај или во млака вода.

Каранфилчето важи и за природен афродизијак. Овој зачин има и антиоксидативни и антихистамини својства, а многу е ефикасен и во борбата против тромбоза.

Лековито делува и при лечење несоница, регулирање на шеќерот во крвта, смирување на воспалителните процеси, смирување на мачнини и дигестивни тегоби, при болки во грлото и помага црниот дроб правилно да работи.

Рецепт за пијалак за смирување настинка

Потребни ви се една лажичка мелено каранфилче, една лажичка рендан рен, една лажичка мед и 200 мл топла вода. Измешајте ги сите состојки и пијте го во мали голтки.

Тинктура од каранфилче

20 гр каранфилчиња, грубо измелени, прелијте ги со 100 мл алкохол. Оваа мешавина треба да отстои две недели. Процедете и користете 2-4 капки разредени во чаша вода.

Греено вино со каранфилче

Две чаши вино измешајте ги со неполна чаша вода, додадете каранфилче, ванила, анасон и ѓумбир, а по желба откако е сварено, засладете со мед. Можете да додадете и цимет и рендана кора од портокал.

Слични содржини