ПРВ БИЛАНС ОД НОВИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА: Најмалку три лица загинаа, над 200 се повредени

од Vladimir Zorba

Како последица на последните земјотреси во турската провинција Хатај, најмалку три лица загинаа, а 213 се повредени.

Тоа вечерва го изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Потсетуваме, Турција беше погодена од нов силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Веднаш по него се случи уште еден, со јачина од 5,8 степени, јави Анадолија.

Двата земјотреси се случија во турската провинција Хатај, на 14 километри од градот Антиохија во Турција и 70 километри од Латакија во Сирија.

Слични содржини