Првата Афроамериканка положи заклетва како судија на Врховниот суд во САД

од Stefanija Kuzmanovska

Кетанџи Браун Џексон синоќа положи заклетва како судија на Врховниот суд, со што стана првата жена со темна кожа во највисокото судско тело на Соединетите Американски Држави.

Оваа 51-годишна Афроамериканка е 116. судија во Врховниот суд, пренесува АП.

Се вели дека Џексон е федерален судија од 2013 година и ќе биде четвртата жена во деветчлениот суд, придружувајќи им се на Соња Сотомајор, Елена Каган и Ејми Кони Барет.

Слични содржини