Првата завршена цевка на Северен тек 2 се полни со гас

од Stefanija Kuzmanovska

Компанијата Северен тек 2 се подготвува од петок да ја наполни првата завршена цевка со гас, иако ќе бидат потребни уште неколку месеци за да протече гасот.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека се поставени цевки за првиот крак на гасоводот. Заварувањето на двата краја во морето сè уште мораше да се заврши, но сега е поврзан гасоводот од Лумбин во североисточна Германија до Русија, соопшти компанијата.

Работата на вториот крак на гасоводот продолжува. Путин минатата недела рече дека вториот крак може да биде готов во рок од два месеци, а руската влада повеќепати изјави дека гасоводот ќе биде готов до крајот на годината.

55 милијарди кубни метри руски гас ќе ѝ биде испорачан на Германија од Северен тек 2. Проектот вреден повеќе милијарди долари веројатно ќе биде тема на состанокот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и канцеларката Ангела Меркел на маргините на самитот на Г7, што ќе биде нивна прва средба во живо.

Слични содржини