Првиот виетнамски автомобил ќе изгледа вака

од desk4

Виетнамската компанија Vinfast ја избра Pininfarina за развој на дизајнот на своите први два модела. Предлозите на италијанското дизајнерско студио биле дадени на оценка, а меѓу нив имало 20 варијанти за кои гласале 62.000 лица, соопшти Autocar.

Производителот сè уште не дал никакви информации за неговите идни автомобили. Познато е само дека тие ќе бидат седан и SUV, при чие проектирање се “претпочитаат локалните преференции и светските трендови”. Vinfast планира да започне со сериско производство во 2019 година, а до 2025-та да составува по 500.000 автомобили годишно.

Слични содржини