Прво огласување на Резников по одлуката на Зеленски да го смени (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников соопшти дека поднел оставка до Врховната Рада.

„Беше чест да му служам на украинскиот народ и да работам за армијата на Украина во последните 22 месеци, во најтешкиот период од модерната историја на Украина“, рече Резников.

Потсетуваме, ден претходно претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави одлуката за разрешување на министерот за одбрана на земјата Алексеј Резников и на негово место го предложи Рустем Умеров.

Слични содржини