Пукање во Хјустон: Седум луѓе повредени на танц, осомничениот тврди дека пиштолот случајно пукнал (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Едно лице е застрелано, а шест се повредени кога осомничен во неделата вечерта пукал од пиштол за време на танцова вечер во Хјустон, Тексас.

Полицијата одговорила на дојавата за пукањето во северниот дел на градот околу 19 часот.

Кога стигнала на лице место утврдено е дека еден маж е застрелан во нога, а другите се повредени кога куршумот минал низ првата жртва и закачил шест други лица, пишува Си-Ен-Ен.

Шерифот на округот Харис Ед Гонзалез соопштил дека шестмина луѓе се здобиле со помали површински повреди, а сите седум се пренесени во болница.

Според еден сведок, притворениот маж држел пиштол во рака, но осомничениот на полицијата и рекол дека го држел пиштолот во џеб и случајно пукал.
Полицијата сега истражува дали мажот намерно пукал или се работи за несреќен случај.

 

Слични содржини