Пукање во српско училиште: Настивничка им подлегна на повредите, откриен мотивот за нападот

од Stefanija Kuzmanovska

Како што може да се види во училишната евиденција, Коста Кецмановиќ, кој денеска уби и рани најмалку шест деца во училиштето „Владислав Рибникар“ во Србија, важел за примерен ученик, учествувал на многу училишни натпревари, а минатата година го освоил третото место на натпреварот по историја. Денеска целата крвава драма започнала токму поради неговиот гнев кон професорката по историја, која им подлегна на раните кои ѝ ги нанел, пренесе „Нова.рс“.

Коста Кецмановиќ неколку пати учествувал на натпревари по математика и добивал пофалби.

Минатата година го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја. Утрово упаднал на час по историја, прво ја ранил наставничката, а потоа ги застрелал своите другари.

Да потсетиме, момче (14) утрово пукало во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар и во таа прилика застрела шест лица, како што досега беше потврдено, меѓу кои и деца и училишниот чувар. Како што неофицијално се наведува, момчето упаднало на час по историја и почнало да пука, откако го убил чуварот во училишниот хол.

Три деца се хоспитализирани на Детската универзитетска клиника на улица Тришова, две се стабилни, додека едно дете е во критична состојба.

Според неофицијални информации, повеќе од десет ранети деца се пренесени во Ургентниот центар.

Според неофицијални информации, прво бил ранет чуварот, кој набргу по пукањето починал.

„Нашиот омилен чувар Драган е убиен. Децата го сакаа, како и целиот тим“, вели потресената мајка на едно дете од училиштето.

Слични содржини