Пукна коалициската тиква! Зекири до Џафери, СДСМ може да прави влада и без ДУИ!

од desk4
ИЗБОРИ , тоа е ризичен потег за државата велат од СДСМ ама поголем ризик е да се остави ДУИ и натаму да ашикува  со владеењето , да ја злоупотребува позицијата на власт, само да зема а ништо да не допринесува за државата.

Веќе се дебатира да се распушти овој парламент заради ваквото себично практицирање на валста од страна на ДУИ. Пратениците на СДСМ и ДУИ влегоа во директен клинч. Ејуп Алими, пратеник од ДУИ во вечерашната емисија Клик плус на ТВ 21 изјави дека влада може да состави тој што има 61 пратеник. Во жестоката дебата пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири рече дека влада може да има и без ДУИ. На ова Алими одговори дека влада составува тој што има 61 пратеник, а ДУИ има парнтери со албански гласачи и тоа треба сериозно да се размисли.

На прашањето на водителот дали по случувањата во Собранието околу одземањето на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски (пратеник на ВМРО-ДПМНЕ) ќе останат во коалиција со ДУИ, Зеќири рече:

„Вечерва поради обврски на Владата се одложи партискиот состанок. Се надевам утре или наредните денови ќе одржиме партиски состанок на кој би требало да разговараме и на оваа тема. Бројките ја прават владата. Секако, доколку ги имаме бројките за формирање на влада и без ДУИ, и тоа е опција, зошто да не“, рече синоќа  Мухамед Зекири во Клик плус на ТВ21.

И Талат Џафери се јави телефонски во живо додека траеше во дебатниот магазин „Click Plus“  за да се оправда дека тој не е  одговорен за неодземањето на имунитетот на поранешниот спикер Трајко Вељаноски.

Џафери го осуди пратеникот Зеќири за неговото однесување како пратеник и дека неговото однесување било под секое ниво и кажа дека целата одговорност е на претседателот на комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски на пленарна седница донел одлука без заклучок на комисијата која била надвор од сите процедури на деловникот на Собранието. Зекири кажа дека реагирал затоа што видел дека ЏАфери ја мести игранката да не донесе заклучок до полноќ за да изрежира истек на време а не да побара гласање на мнозинството кое било во салата.

Одложувањето на партискиот состанок е сериозен показател дека пукна коалициската тиква меѓу СДСМ и ДУИ и дека оваа калкулација на  ДУИ  веројатно  е направена заради старите долгови меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ.

Партиските табори зборуваат дека и тепачката во затворот е исто режија на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ,  и целата парада на труење и мавтање со примената на законот за јазици по институциите, „летањето орли“ на функционери на владата од ДУИ е дел д тој провоцирачки пакет. Одбивањето на неотповикување на функционери и министри на ДУИ кои вработиле роднинини е само капка во преполната чаша со која ДУИ се обидува пред своето гласачко тело да покаже надмоќ и власт дури и над СДСМ.

Сето тоа добар дел од круговите во СДСМ ги натера на притисок врз лидерот Заев да се смени одлуката и да се организираат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

Тоа е ризичен потег за државата велат од СДСМ ама поголем ризик е да се остави ДУИ и натаму да ашикува и аздисува  со државни пари,  да ја злоупотребува позицијата на власт, само да земаат од државата и  ништо да не допринесуват. Оваа барање кое е се поголемо од членстовот на СДСМ ќе биде испорачано пред конгресот на апртиските состаноци деновиве и веројатно жестоко ќе се разговара и покрај препораките од целата меѓународна заедница , од Брисел и Вашингтон дека не треба да се оди на парламентарни избори.

Слични содржини