Путин: Боливија е на работ на хаос, многу потсетува на Либија и Венецуела

од Aleksandar Petrovski

Рускиот претседател Владимир Путин во коментар за ситуацијата во Боливија изјави дека оваа латиноамериканска земја се наоѓа на работ на хаос.

-Боливија е на работ на хаос. Постојат елементи на мешање однадвор, но тие секогаш се појавуваат таму каде постојат внатрешни компликации. Настана ситуација кога воопшто нема власт, или сите моментални власти се повлекле. Безвластие. Генерално зборувајќи ова потсетува на Либија, оцени рускиот претседател по завршувањето на самитот на БРИКС во Бразил.

Путин, исто така, потсети на обидот за државен удар во Венецуела, истакнувајќи дека ситуацијата во Латинска Америка се менува многу брзо. Тој нагласи дека се надева дека здравиот разум, одговорноста и разбирањето на интересите на своите граѓани ќе ги надвладеат партиските амбиции на политичките сили, потсетуваат рускикте медиуми.

Слични содржини