Путин го откри планот за борба против короната: Тешко е, но знаеме што да направиме

од Stefanija Kuzmanovska

Ситуацијата со коронавирусот во Русија е под контрола, иако е тешка во некои региони, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин

– Сè на сè, ситуацијата во земјата не е лесна, но можеме да се справиме со неа. Во исто време, да бидеме директни, ситуацијата е тешка во некои области – рече Путин, пренесе ТАСС.

Тој посочи дека расте бројот на новоинфицирани со коронавирусот, а со тоа и бројот на потешки случаи, кои предизвикуваат смрт.

– Не треба да бидеме опуштени заради релативно нискиот број во некои региони. Напротив, тоа може само да го покрене прашањето дали дијагнозите се точни и навремени, како и дали болниците се подготвени да се борат против вирусот – додаде Путин.

Рускиот претседател додаде дека властите „знаат како да спречат ширење на коронавирусот, како што тоа го сторија на почетокот на епидемијата на пандемија“.

– Поминавме низ сето ова на пролет, знаеме што треба да направиме. Се организиравме. Се појавуваат вакцини. Има доволно информации што да правиме во случај на инфекција. Не смееме да бидеме попречени во третманот на луѓето, по секоја цена – додаде Путин.

Слични содржини