Путин прогласи вонредна состојба: Се излеа нафта во Северниот поларен круг (видео)

од Nikola Popovski

На итен состанок по повод излевањето на нафта во Норилск, претседателот на Русија, Владимир Путин, бил крајно незадоволен што овој инцидент бил откриен на социјалните мрежи и со големо задоцнување, јавуваат руските медиуми.

„Дали сте вие при себе?“,  го прашал Путин шефот на „Норникеља“, Сергеј Липин за време на онлајн состанокот, бидејќи енергетската компанија „Нориљск-Таимир“, каде што се случило излевањето на горивото, е подружница на овој сибирски магнат.

Сепак, првиот човек на „Норникеља“ не ја признал својата вина, туку го обвинил шефот на Министерството за вонредни ситуации на Русија, Евгениј Зиничев, дека лажел во врска со овој инцидент.

„Ние ги доставивме информациите до сите релевантни структури на 29 мај. Тие беа информирани за планот за решавање на настанатата состојба“, изјавил Липин.

Меѓутоа, како што пишуваат руските медиуми, Путин бил видно нервозен и принуден да се обрати до безбедносните власти за да утврдат какви информации се пренесени и на кого, со цел да се разјаснат какви било грижи во врска со овој инцидент.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи вонредна состојба откако во еколошки инцидент 20.000 тони нафта се излија во река која се наоѓа во Арктичкиот круг.

Тој исто така побара што поскоро да се намали негативното влијание на нафтата врз животната средина.

Нафтата достигнала до 12 километри оддалечената река Амбарнаја, чии делови се во црвена боја. Поради воведувањето на вонредна состојба, дополнителни сили ќе бидат испратени во областа за да помогнат во операциите за расчистување.

Се верува дека ова е втора најголема несреќа во модерната руска историја, во однос на количината на штетен материјал за природата, изјави експертот на Светскиот фонд за природата за АФП.

Слични содржини