Путин снимен како ги навредува Лавров и кинескиот претседател

од Stefanija Kuzmanovska

На Телеграм каналот General SVR, за кој се вели дека го води инсајдер од Кремљ, се појави извештај според кое рускиот претседател Владимир Путин на видео конференција го навредувал и го нападнал својот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе „Daily Star“.

Според извештајот, Путин наводно се состанал со Лавров преку видео врска и разговарале за односите со Кина. Се вели дека Путин „изразил фрустрација што Кина одбива да ѝ даде финансиска и материјална поддршка на Русија“.

За време на состанокот, Путин, наводно, дал „неколку погрдни и непристојни“ коментари за кинескиот претседател Си Џинпинг, се вели во извештајот. Путин, наводно, директно го обвинил Лавров за неуспехот на преговорите со Кина.

Бесни пораки на Медведев

Според извештајот, Путин неколку пати го прекинал Лавров кога тој се обидел да се одбрани. Според извештајот, Путин постојано ги навредувал своите подредени.

Гневна порака против наводните непријатели на Русија испрати и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

„Јас ги мразам. Тие се копилиња и дегенерици“, напиша Медведев во вторникот во Телеграм, мислејќи за Украина и украинскиот народ.

Слични содржини