Радев победи на бугарските избори во Македонија

Вкупно 160 македонски Бугари гласале за коалицијата Прогресивна Бугарија од вкупно 463 регистрирани гласачи во Македонија

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Фејсбук/Прогресивна Бугарија

„Прогресивна Бугарија“ доби најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори и на гласачките места во Македонија. Според бугарската државна новинска агенција „БТА“, вкупно 160 гласачи гласале за коалицијата на Румен Радев, според податоците од изводот од записниците во петте избирачки места на територијата на Македонија.

Коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ била втора со 91 глас. Коалицијата Преродба била трета, со 63 гласови, додека 61 гласач го дале својот глас за ГЕРБ на екс-премиерот Бојко Борисов.

Според конечните записници во избирачките места во бугарската амбасада во Македонија, генералниот конзулат на Бугарија во Битолa и оние во Струмица, Охрид и Прилеп, на парламентарните избори гласале вкупно 463 гласачи.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека очекувал поголема излезност, со оглед на бројките кои Софија ги прикажува за присутност на Бугари во Македонија.

„Благо сум разочаран поради нискиот одѕив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учестуваат на овие избори од оние според Радев и луѓето околу, 200 илјади. Очекував излезеноста да биде малку поголема“, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата.