Радоичиќ поднел оставка од местото потпретседател на Српската листа

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за шпанската национална телевизија ТВ Еспањол изјавил дека потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, поднел оставка од таа функција.

„Радоичиќ не сака дополнително да ѝ наштети на Српската листа“, изјавил Вучиќ, пренесува „Euronews.“

Тој напомена дека партијата Српска листа ја гледа како борци за слобода и дека истото го мислат сите Срби кои живеат на Косово.

Во интервју за шпанската национална телевизија, српскиот претседател ја опишал ситуацијата во Косово како загрижувачка.

Косовскиот министер за полиција, Свечља го обвини Радоичиќ дека е организатор на терористичкиот напад во Бањска во неделата. Потоа изјави дека Радоичиќ е ранет и дека се наоѓа во болница.

Од друга страна, Вучиќ негираше дека во престрелката е ранет потпретседателот на Српската листа, кој е на црната листа на САД и Велика Британија. Вучиќ не одговори на прашањето дали Радоичиќ бил во Бањска.

Фото:  PIXSELL / AUTOR: MILOS TESIC/ATAIMAGES/PIXSELL

Слични содржини