РАИ го објави целиот текст на договорот меѓу ЕУ и AstraZeneca

од Vladimir Zorba

Италијанската јавна телевизија РАИ го објави целиот текст на договорот меѓу Европската комисија и AstraZeneca, пренесе Политико.

Целиот текст на англиски јазик можете да го видите овде.

Во договорот се наведува дека AstraZeneca ќе достави до 30 до 40 милиони дози на ЕУ до крајот на 2020 година, од 80 до 100 милиони дози до крајот на првиот квартал од 2021 година и вкупно 300 милиони дози до крајот на јуни.

Производителот на вакцини, исто така, ветува дека нема да профитира од својата вакцина до јули 2021 година, според истражувачкиот тим на РАИ.

Комисијата и англо-шведскиот производител на лекови кон крајот на јануари ја објавија изменетата верзија на договорот по жестоките спорови за снабдување.

Слични содржини