Рајан Рејнолдс е смешен дури и додека се тестира за корона

од Vladimir Zorba

Актерот Рајан Рејнолдс бил тестиран за коронавирусот, а на своите следбеници на Инстаграм го опиша на свој начин како се чувствувал при земање примерок.

Тој се врати на својата работа, продолжувајќи да го снима филмот „Црвено известување“, поради што мораше да биде тестиран на КОВИД-19 во саботата.

Неговата сопруга Блејк Лајвли ги фотографираше неговите реакции и изразот на лицето додека медицинската сестра му зеде брис од носот со стап.

Рајан ги објави фотографиите на својот Инстаграм профил и на смешен начин опиша како се чувствува.

„Тестот Ковид-19 е брз и лесен. Лекарот става брис во носот, доволно длабоко за да ги скокотка спомените од детството, и тогаш е готово. Без оглед што ќе му кажете, тој нема прво да ви купи вечера“, напиша тој во хумористичен опис со фотографиите.

Да потсетиме, актерот неодамна откри дека тој, неговата сопруга Блејк и нивните две ќерки биле позитивни на коронавирус.

Рејнолдс и неговата сопруга го воодушевија светот за време на ехото на пандемијата, бидејќи дури двапати донираа пари на американски болници и банки за храна, со цел што полесно да се борат против вирусот.

Слични содржини