Ралповски: СОНК нема неуспех, Неделков покажа големина

од Nikola Popovski

СОНК нема неуспех. Членството е 100% во штрајк, единствено и мобилизирано и тоа е тема за која треба многу да се зборува. СОНК повторно работи, но држи часови за работнички права, смета претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Тој појаснува дека бил синдикалците постигнале предлог договор со Владата во понеделникот, а не решение.

-СОНК одлучува по тој принцип. Претседателот Неделков е избран на тој принцип, сите 600 организации се изјаснуваа од прв до последен член на СОНК. Не би рекол дека е неуспех на лидерството, туку големина на лидер да спроведува демократија во синдикалното организирање, што на овие простори не е видено, рече Ралповски во емисијата „Топ тема“.

СОНК вчера одлучи да го продолжи штрајкот во училиштата, иако ден претходно начелно на средбата во Владата бил постигнат договор за покачување на платите на образовните работници од 12%.

Слични содржини