Рама: Мислам дека станува се појасно дека проширувањето и членството на Западен Балкан е сe помалку реторика на ЕУ

од Берта Китинска

Мислам дека станува се појасно дека проширувањето и членството на Западен Балкан е сe помалку реторика на Европската унија, велии албанскиот премиер Еди Рама, во првата реакција од Тирана, по Самитот ЕУ- Западен Балкан

-Проширувањето е збор кој се помалку се користи со страст и волја со која се користеше пред неколку години и нема сомнение дека на процесот на проширување ќе му треба повеќе време, затоа ЕУ треба да го вклучи Западен Балкан во заеднички дела, рече Рама на седмиот тирански форум за инфраструктурна интерконекција помеѓу земјите од Западен Балкан и Европа.

Со цел приближување на Балканот до ЕУ, според премиерот, инициран е процесот „Отворен Балкан”, кој не е во спротивност со „Берлинскиот процес”, туку е анекс кон него.

-Има многу конфузни дискусии за Берлинскиот процес, за Отворен Балкан, но за мене тоа е многу јасно. Отворен Балкан е инспириран од Берлинскиот процес, тоа е природен развој на Берлинскиот процес, тој е инструмент создаден во регионот, за да се пласираат сите напори од регионот, за да се имплементираат принципите и целите на самиот Берлински процес, додаде тој.

Слични содржини