Range Rover Sport се качи по 999 скали

од desk2

Многу SUV модели само изгледаат како да можат да се справат со препреки, но на пазарот уште може да се најдат и такви кои не се плашат од непроодни терени.

Во оваа класа на автомобили спаѓа и Range Rover Sport, кој успеа да совлада терен за кој за многу возила е непрооден.

Хибридниот Range Rover Sport PHEV успеа да се искачи по 999 скали до Небесните порти во Кина и тоа откако совлада 99 остри свиоци. Инаку, скалите се поставени под остар агол од 45 степени.

Зад воланот беше Хо-Пин Тунг, Формула-E возачот на Jaguar и поранешен освојувач на 24 часа Ле Ман.

Range Rover Sport PHEV комбинира бензински и електричен мотор за на сите четири тркала да испорача 400 КС и 640 Nm.

Слични содржини