Рансомвер напад: Хакери бараат 50 милиони долари од Apple

од Nikola Popovski

Apple е уценет со 50 милиони долари во последниот рансомвер напад, што се должи на кражбата на голем број инженерски и производствени шеми на сегашните и идните производи на тајванската компанија Quanta, која за Apple ги прави Мекбук и други производи.

Во сопственост на овие доверливи и чувствителни инженерски шеми е руската хакерска група REvil, позната и како Sodinokibi, која веќе започна да објавува украдени слики откако Quanta одби да плати откуп од 50 милиони долари.

Хакерите сега се свртеа кон Apple и ги побараа парите, истакнувајќи дека оттаму треба да го платат откупот најдоцна до 1 мај, бидејќи во спротивно ќе ги објават сите доверливи документи во јавноста.

Се чини дека украдените шеми се автентични, бидејќи меѓу објавените слики е и шемата за дизајн на најновиот iMac, која беше претставена пред неколку дена, а има и предупредување кое гласи „Ова е сопственост на Apple и мора да се врати“ и текстот што вели дека документите не смеат да се репродуцираат, копираат или објавуваат.

Quanta потврди хакерски напад врз своите сервери, а Apple сè уште не го коментира случајот.

Слични содржини