Почетна / TOP NEWS / Расте интересот за одгледување органско овошје и зеленчук во Македонија

Расте интересот за одгледување органско овошје и зеленчук во Македонија

Во текот на 2019 година, во однос на 2018 година, има зголемување за 32,90% на површини на растително органско производство на овошје, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем дел од органското производство отпаѓа на насади на сливи – 19,99%. Потоа следуваат: бобинки (17,43%), бадеми (14,82%), ореви (9,39%), други овошки (9,11%), лешници (7,08%)…

Во 2018 година, ситуацијата била следна: сливи (15,85%), бобинки (14,16%), бадеми (13,77%), ореви (5,09%), други овошки (13,18%), лешници (8,35%)…

Кај органското производство на зеленчук има пораст од 1,07%. Во 2018-та година различни видови на органски зеленчук зафаќал 92,68%, додека лани бил 96,25%.

И кај лозовите насади има зголемување кога се работи за органско производство и тоа за 40,32%. Ако во 2018 година, органските лозови насади учествуваа со 11 хектари, лани беа регистрирани 15 хектари.

Кога се работи за органско производство на фуражни култури, се забележува пад од 31,88%. Кај органското производство на индустриски култури има намалување од 82,67%, а кај житните култури е регистриран скок од 11,15%.

Пораст од 30,03% има кај органско одгледување на говеда и 7,74% кај овците, додека кај козите се бележи пад од 33,34%.

loading...