Размена меѓу САД и Русија? Кошаркарка за „дилерот на смртта“

од Vladimir Zorba

Бритни Грејнер се појави пред руски суд за прв пат откако беше уапсена во февруари за поседување масло од хашиш. Американската кошаркарка е голема тема во САД бидејќи сите таму се залагаат за нејзино ослободување, па дури и тоа е врвен приоритет на американските дипломати.

Познатата американска кошаркарка се појави во зградата на судот во Химки со качулка преку глава, не сакајќи фоторепортерите и другите љубопитни да го видат нејзиното лице. Грејнер за прв пат беше на суд во Русија бидејќи на аеродромот во Москва во средината на февруари имала масло од хашиш.

Американците тврдат дека Бритни е неправедно приведена и дека треба да биде пуштена на слобода, додека Русите, пак, таквите прекршоци ги казнуваат со затвор до десет години. Таа е една од најдобрите кошаркари на сите времиња во ВНБА, а од друга страна веќе седум години игра во Русија за Екатеринбург, па тешко дека не го знаела правилото за носење недозволени материи. Рускиот суд сега и го продолжи притворот на Грејнер.

Би-Би-Си оваа вест ја става во рубриката „Украинско-руска војна“, иако таа нема многу врска со војната во Украина, а Бритни исто така беше уапсена пред почетокот на воената интервенција. Сепак, Би-Би-Си додава дека ослободувањето на Бритни Грајнер е можно, но со еден „трејд“, кој би бил се освен кошаркарски.

Руската агенција ТАСС тврди дека Руската Федерација е подготвена да ја испрати Бритни Грејнер дома, но ако Виктор Бут ќе дојде во спротивна насока. Тој е руски шверцер на оружје, кој во 2012 година беше осуден во САД и отслужува 25-годишна затворска казна.

„Дилерот на смртта“, како што е прекарот на Виктор, беше уапсен во 2008 година во Тајланд и екстрадиран во САД.

Слични содржини