Реал гледа на Белингем како замена за Модриќ

од Vladimir Zorba

Шпански Реал Мадрид го избра англискиот репрезентативец Џад Белингам како замена за ветеранот Лука Модриќ и ќе се обиде да го привлече во летото 2023 година, тврди весникот Диарио АС.

Мадридските гиганти се амбициозни да го привлечат 18-годишниот играч на германска Борусија Дортмунд за околу 90 милиони евра, но за играчот од средниот ред се заинтересирани и неколку англиски клубови од Премиер лигата, што може да му ја зголеми цената. Меѓу тимовите кои ги следат настапите на Белингем се и Челси и Ливерпул.

Сериозен проблем за оние кои сакаат да го обезбедат потписот на надежниот Англичанец би било немањето ослободителна клаузула во неговиот договор со Борусија Дортмунд, кој трае до 2025 година.

Белингем е клучна фигура во германскиот вицешампион и веќе избори место во националниот тим на својата земја. Се очекува тој да биде меѓу избраните од селекторот на Англија, Герет Саутгејт за Светското првенство во Катар подоцна оваа година.

Слични содржини