Реал привлече 16-годишен аргентински талент

од Vladimir Zorba

Лидерот на шпанската Ла Лига, Реал (Мадрид) продолжува да размислува за својата иднина, откако меѓу своите главни цели за идните трансфери го посочи аргентинскиот офанзивен играч за врска Франко Мастантуано, пишува весникот „Марка“.

Со само 16 години, Мастантуано настапува за гигантот Ривер Плата во својата татковина, играјќи и за репрезентацијата на Аргентина до 20 години.

Мастантуано, кој има силна лева нога, собори многу рекорди во Аргентина, со само 16 години веќе има девет настапи за првиот тим на Ривер Плата. Тој има договор со клубот до 2026 година, а неговата откупна клаузула е 45 милиони евра.

Аргентинскиот играч за врска не може да пристигне во Европа пред летото 2026 година, кога ќе наполни 18 години.

Реал Мадрид веќе го обезбеди трансферот на бразилското чудо од дете Ендрик, кој од следната сезона ќе игра на Сантијаго Бернабеу. 17-годишниот Ендрик и донесе победа на репрезентацијата на Бразил над Англија во контролата одиграна на стадионот „Вембли“ во саботата.

Слични содржини