Редок вирус пристигна во Америка: Случаи на заболени пријавени во уште две земји

од Stefanija Kuzmanovska

Здравствените власти на американската сојузна држава Масачусетс потврдија постоење на мајмунски сипаници, што е прв случај на оваа заразна болест во САД годинава.

Министерството за здравство во средата соопшти дека е заразен маж кој неодамна заминал во Канада, но се додава дека овој случај не претставува опасност за јавното здравје.

Заболениот е жител на Масачусетс, а во болница е од 12 мај.

Тој е во изолација во болница и е во стабилна состојба.

Управата на болницата додаде дека, бидејќи болеста е многу ретка, им биле потребни шест дена да утврдат дека има мајмунски сипаници. Министерството се обидувало да ги утврди контактите на пациентот додека бил заразен.

Во средата беше објавено дека мајмуни сипаници се појавиле во Португалија, каде во моментов има пет случаи, а се сомнева дека има осум случаи на оваа болест и во Шпанија.

Слични содржини