Регулаторната агенција на Британија: Лицата со сериозни алергии да не ја примаат вакцината на Фајзер

од Stefanija Kuzmanovska

Регулаторната агенција на Велика Британија (МХРА) издаде предупредување во врска со вакцините на „Фајзер“, а се однесува на луѓе кои имаат историја на тешки алергиски реакции, пренесува Би-Би-Си.

Таквите луѓе не треба да примаат вакцина, објави регулаторната агенција.

Во Велика Британија вчера започна вакцинацијата против коронавирус со вакцините на „Фајзер“. Велика Британија е првата земја чија регулаторна агенција одобри употреба на вакцината, пренесува „Индекс.хр“.

Реакции се појавија кај две лица веднаш по приемот на вакцината.

Предупредувањето е издадено откако вчера двајца здравствени работници пријавиле алергиски реакции на новата вакцина. Реакции се случија веднаш по приемот на вакцината. Двајцата добиле медицинска помош и се во добра состојба, пренесува Би-Би-Си.

Тоа беше анафилактична реакција, што е многу поблага реакција отколку анафилактичен шок. Се манифестира како чешање, отежнато дишење и понекогаш пад на крвниот притисок, според Би-Би-Си. Двајцата здравствени работници кои пријавиле алергиски реакции имаат историја на тешки алергии и носат инјекции на адреналин со нив постојано.

Слични содржини