Рекорден број новозаразени и хоспитализирани во САД

од Vladimir Zorba

Коронавирусот продолжува да се шири во САД, а во некои сојузни држави на таа земја, забележано е и рекордно дневно зголемување на бројот на новозаразени, односно лица хоспитализирани заради КОВИД-19.

Бројот на заразени лица во Арканзас вчера беше 1.061, што е најголемото дневно зголемување регистрирано во таа држава досега, така што вкупниот број заразени достигна 27.864, но бројот на загинати остана непроменет во однос на претходниот ден – 313.

Тексас исто така постави рекорд за бројот на новозаразени, каде вчера беа потврдени 10.351 нови случаи на КОВИД-19, а вкупниот број на случаи на тој начин надминува четврт милион.

Рекордни 10.083 лица се хоспитализирани, а бројот на загинати од КОВИД-19 вчера беше 99, со што вкупниот број на смртни случаи во таа држава достигна 3.112.

Во Аризона бројот на потврдени случаи на КОВИД-19 се зголеми за 3.038 вчера, достигнувајќи вкупно 119.930, а бројот на загинати беше 69, така што вкупниот број на потврдени смртни случаи надминува 2.150.

Бројот на хоспитализирани во петокот бил 3.485, што е најголем досега регистриран во државата.

Во Оклахома, бројот на новозаразени лица вчера се зголеми за 687, што е втор по големина дневен пораст досега регистриран во таа држава, бидејќи во вторникот се регистрирани 858 нови случаи.

Вкупниот број на потврдени случаи во моментов е 19.779, а според здравствените власти, 15.136 пациенти во таа држава се опоравиле од КОВИД-19 досега.

Бројот на загинати во Оклахома се зголеми за пет на вкупно 421, според АП.

Слични содржини