Рекорден број заразени во светот во последните 24 часа

од Vladimir Zorba

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 212.326 новозаразени со коронавирус се регистрирани во светот во последните 24 часа, што е рекорден број. Најголем број на нови случаи се забележани во САД, Бразил и Индија.

Претходниот рекорден извештај на Светската здравствена организација беше објавен на 28 мај, кога имаше 189.077 новозаразени. Бројот на загинати е сè уште на ниво од 5.000 на ден.

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 11 милиони, а повеќе од половина милион луѓе починаа.

Слични содржини