Ремзи е критикуван поради цените во неговиот ресторан: „Не вреди ниту 5 фунти, а ти наплаќаш 35“

од Nikola Popovski

Корисниците на социјалните мрежи го критикуваа популарниот Гордон Ремзи откако дознаа колку ќе наплатува за риба и помфрит во неговиот нов ресторан.

Британски „Сан“ пишува дека цената на ова јадење во ресторанот на Гордон изнесува 31,5 фунти, што со право налути многумина.

Ресторанот „Ривер“ на Ремзи треба да се отвори на 11 ноември, а на својата веб-страница го опишува како „класичен, но сепак елегантен и опуштен ресторан“. Тој ќе понуди различни јадења на менито, но многумина негодуваат на цената на рибата и помфритот како додаток.

Тој објави фотографија од спорното јадење на својот профил на Инстаграм. Рибата се сервира со грашок и тартар сос и чини 24,5 фунти. Покрај тоа, се добива и помфрит како прилог, што чини дополнителни седум фунти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gordon Ramsay (@gordongram)

„Ова е премногу“, „Срамота, ова не вреди ниту 5 фунти, а ти наплаќаш 35“, „Изгледа одлично, но чини многу“, се само некои од коментарите под фотографијата.

Да потсетиме, ова не е прв пат славниот Ремзи да се најде на мета на незадоволни муштерии, токму поради неверојатно високите цени.

Слични содржини