Рендери на серискиот BMW XM

од Vladimir Zorba

BMW го претстави XM Concept на 30 ноември минатата година, но тогаш веќе се знаеше дека најавува иден сериски модел кој ќе пристигне во 2022 година, како прв самостоен M SUV модел.

Баварците исто така велат дека XM е најекспресивната изјава во последните 50 години на BMW M. Во соопштението се додава дека ова е „уникатен X за марката М, кој го прикажува новиот преден дизајн на луксузната класа на BMW“.

Во меѓувреме, протекоа овие патентни рендери на серискиот модел, кој што треба да се појави кон крајот на октомври или почетокот на ноември.

Стандардната верзија на серијата BMW XM ќе има комбинирани 480 kW/653 КС и 800 Nm (комбинација на новиот V8 турбо бензинец и електромотор), но се најавува и посилна верзија со 748 КС и 1000 Nm вртежен момент. Ќе може да се вози и во електричен режим, до 80 километри (според WLTP).

Секако ќе има и погон на четири тркала, стандардна адаптивна М професионална суспензија, систем за сопирање М, лесни алуминиумски тркала М до 23 инчи, повпечатливи предни „бубрези“, како и М интерпретација на кокпитот насочена кон возачот, заоблен екран на инфозабавниот систем, М верзија на оперативниот систем BMW iDrive, црвени акценти на воланот, кафена кожа, карбонски влакна и амбиентално осветлување во боите на BMW M.

Слични содржини