Рецепт: Леб со јогурт

од Vladimir Zorba

Крцкав и многу вкусен леб со јогурт и два вида брашно.

Состојки:

380 мл млака вода
10 гр квасец
1 лажичка мед
520 гр интегрално брашно
220 гр црно брашно
160 гр јогурт
2 лажици оцет
2 лажички сол
2 лажици масло

Подготовка:

Комбинирајте ги брашното и солот.

Водата се меша со квасецот и медот, се меша додека не се растопи квасецот и се додава брашното, јогуртот, маслото, оцетот и сè убаво измешајте. Покријте и оставете два часа на топло место.

Подгответе сад кој има капак во кој ќе го печете лебот, премачкајте го со масло.

Намачкајте го тестото со малку брашно и направете да не се залепи.

Префрлете го во садот, пресечете по желба, посипете со малку брашно, покријте го и ставете во ладна рерна.

Свртете на 200 степени и печете 45 минути, потоа извадете го капакот и печете уште 15 минути за да добиете фина крцкава кора.

Добар апетит!

Слични содржини