Рига: Уапсени 14 лица на протестот против рушењето на споменикот на советските ослободители

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата приведе 14 лица кај споменикот на советските ослободители на Рига во главниот град на Латвија, кои учествуваа на протестот против неговото уривање, пренесува ТАСС повикувајќи се на локалните медиуми.

Неколку десетици луѓе вчера протестираа против уривањето на споменикот во Паркот на победата во Рига, објави летонскиот информативен портал „Делфи“.

Претходно беше соопштено дека во паркот каде што се наоѓа споменикот од 1985 година пристигнале градежни работници и механизација, а околу споменикот биле распоредени најмалку 10 минибуси со полицајци.

Слични содржини