Рики Рубио заигра кошарка по 10 месеци: „Љубовта кон играта никогаш не била спорна“

од Vladimir Zorba

Рики Рубио се врати на паркетот по десет месеци.

Одличниот плеј настапи за шпанскиот тим во квалификациите за Евробаскетот во поразот од Летонија со 79:75.

На теренот помина 20 минути и постигна 11 поени со пет асистенции. Шутираше само 2 од 11 од поле, но најважно е што Рики повторно игра кошарка. Паузираше поради психички проблеми кои ги имаше подолг период.

„Бев многу нервозен, но љубовта кон кошарката никогаш не била спорна. Во еден момент малку се намали, но сега е време да се исчисти прашината и повторно да се ужива во оваа прекрасна игра“, изјави Рики Рубио по мечот.

Слични содржини