Рјабков: Протекувањето на доверливи податоци од САД можеби е намерно

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека постои можност протечените доверливи американски документи да се лажни и намерно пласирани со цел Русија да се доведе во заблуда.

„Ние немаме став, можеби некој е заинтересиран да ги погледне овие документи, но што ако се лажни… Можеби тоа е намерна провокација“, рече Рјабков одговарајќи на новинарско прашање на ТАСС за позицијата на Москва за причините за протекување американски податоци.

Американските медиуми претходно објавија дека Пентагон и американското министерство за правда започнале истрага за протекувањето на доверливи документи, кои се однесуваат на плановите на НАТО и Вашингтон да ги обучуваат украинските сили за контраофанзива, пишува ТАСС и потсетува дека материјалите, кои ги откриваат распоредите за испорака на оружје и бројот на војници, се објавени на социјалните мрежи Телеграм и Твитер.

Слични содржини