Робогрл: Манекенка со дупка во главата сега има потполн череп

од desk2

Манекенката Франческа Бур имала дупка на главата откако паднала по скали и го скршила черепот, носот и вилицата.


Десет месеци по несреќата имала операција во која е користен 3D принтер и сега повторно има цел череп.
Мајка и ја пронашла како лежи на под, а крв и течела од носот, очите, ужите, затоа што доживела страшен удар кога паднала.

Имала три операции во кои хирурзите успеале да и ги извадат сите ковчиња од мозочното ткиво. Кога се разбудила не ги препознала најблиските, не се сеќавала на своето средно име, ни на разводот на родителите, ни дека мајка и има нов партнер веќе осум години.

Лекарите им рекле на родителите да се подготвата за најлошото, но Бур преживеала и се опоравила. СО плочки од титаниум и го поправиле черепот со помош на 3D печатач.

Покрај неверојатниот опоравок и денес чувствува последици од несреќата.
„Претходно бев амбициозна девојка која остваруваше се што ќе намислеше. Сега сум обична 28-годишна девојка која живее со мајката, без работа и друштвен живот“, вели таа.

Сепак, верува дека потполно ќе се оправи и дека ќе најде работа. Во моментот е во врска со момче кое го запознала во болница.Себеси се нарекува Робогрл, затоа што кај неа е употребена најновата технологија за главата.

Слични содржини