Рочиштето за предметот „Талир“ одложено за 8. април

Денешното рочиште за случајот „Талир“, се одложи за 8. април, поради остуство на бранителот на второобвинетиот, Кирил Божиновски.

За потсетување, во овој предмет обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Тие се теретат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристовска.

 

Слични содржини