Родените во знакот Рак: Карактерни, каприциозни и под големо влијание на луѓето

од Vladimir Zorba

Периодот на Рак, од 21 јуни до 22 јули и луѓето родени во тоа време се управувани од Месечината, планетата поврзана со чувства, сеќавања, имагинација и соништа. Типичен Рак има заоблено лице како Месечината, експресивни, големи очи во облик на бадем и полни усни. Дури и виткиот тип на Рак се карактеризира со нежни и заоблени линии. Иако не изгледа мускулесто, има повеќе физичка сила отколку што може да се помисли на прв поглед.

Родените во овој знак се познати по тоа што се карактерни, дури и каприциозни. Тие се под големо влијание на луѓето и средината во која се наоѓаат и флуктуираат во расположението, во зависност од квалитетот на влијанието. Иако се многу чувствителни, тие не се нужно ирационални. Комбинирајќи го инстинктот и разумот, тие наоѓаат начин да ги заштитат суштествата и работите што ги сакаат. Понекогаш нивната грижа станува товар за оние кон кои ја насочиле грижата.

Доколку не успеат да основаат семејство или нивните семејни односи се прекинат, тие ќе ја задоволат потребата да припаѓаат и да бидат згрижени во соодветна институција или заедница. Доколку не создадат потомство, со задоволство ќе се вклучат во хуманитарни и други активности насочени кон подобрување на квалитетот на животот на најмладите. Имаат силно чувство за потекло и се цврсто приврзани за своето родно место дури и ако живеат далеку од него. Сентиментални се и носталгични, ја сакаат традицијата и историјата.

Зошто знакот Рак владее со првите 30 дена од календарското лето? По достигнувањето на точката на летната краткоденица и врвот на неговата привидна годишна патека, Сонцето почнува полека да се спушта и дневната светлина се намалува. Античките астролози го доделиле симболот на Рак на делот од еклиптиката што започнува на точката на летната краткоденица од едноставна причина – затоа што спуштањето на Сонцето ги потсетило на типичното движење на ракот.

Слични содржини