Родителите на напаѓачот од Атланта ѝ помогнале на полицијата да го пронајде

од Stefanija Kuzmanovska

Родителите на младиот човек, кој е осомничен за пукањето и убиството на осум лица во салоните за масажа во Атланта, им помогнаа на властите да го пронајдат и да запрат какво било потенцијално крвопролевање, соопштија официјални лица во средата.

Роберт Арон Лонг (21) беше пронајден и уапсен од полицијата откако во вторникот наводно убил осум лица во три спа центри околу Атланта. За него се верува дека бил на пат кон Флорида за да го продолжи својор убиствен поход, пренесува „Њујорк пост“.

Набргу по првиот напад на Лонг, во кој беа убиени четири лица, а петтиот беше ранет, истражителите пронајдоа слики од напаѓачот на надзорните камери, рече шерифот на округот Чероки, Френк Рејнолдс.

„Успеавме да ги објавиме на нашите социјални мрежи. Набргу потоа, членовите на семејството (на Лонг) не контактираа, укажувајќи дека тоа е нивниот син. Беа згрозени. И тие беа многу корисни во ова приведување “, рече шерифот Френк Рејнолдс.

Откако го идентификуваа Лонг, властите успеаја да го следат неговиот телефон и да ја предупредат полицијата во другите области.

Лонг на крајот беше фатен, но не пред да изврши уште два напада во кои уби уште четири лица. Без помош од неговите родители, масакрот можеше да биде уште поголем, соопштија државните власти.

„Навистина ја цениме помошта на семејството“, рече капетанот Џеј Бејкер. „Без нив, ова немаше да се случи толку брзо како што се случи. Тие не поддржаа и секако дека ова им беше многу тешко“.

Властите соопштија дека е премногу рано да се утврди мотивот за пукањето, но дека Лонг негирал дека тоа е мотивирано од расна омраза, иако шест од осумте жртви биле Азијци.

Наместо тоа, Лонг тврдел дека страдал од сексуална зависност, според истражителите. Тој е обвинет за убиство и напад.

Слични содржини