Роналдо: Дали ја заслужувам „Златната топка“? Не е моја работа да давам проценки

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Јувентус и Португалија, Кристијано Роналдо го сподели своето мислење за идниот победник на „Златната топка“. Тој беше запрашан од новинарите за мислење, откако доцна синоќа тој го изведе својот национален тим со капитенската лента до трофејот во Лигата на нациите.

„Освоив три трофеи и беше добро, како и секогаш. Нема сезона, во која сум одиграл лошо, и оваа година не беше исклучок. Постигнувањата во последните 16 години зборуваат сами за себе, што друго можам да направам? „Златната топка“ ? Не знам, зависи од оние кои ја оценуваат мојата работа. Нема да се оценам себе си“, изјави Кристијано Роналдо пред „AS“.

Во сезона 2018/19 година Кристијано Роналдо одигра 47 натпревари во сите натпреварувања постигна 31 гол и 13 асистенции. Оваа година, 34-годишниот фудбалер стана шампион и го освои италијанскиот Супер куп. Со својата родна земја, Португалија славеше во првото издание на Лигата на нациите.

Слични содржини