Руси војуваат против Руси: Моќна единица му сврте грб на Путин

од Nikola Popovski

Војната на Кремљ против Украина е војна што многу Руси не сакаа да ја водат. Некои беа толку жестоко против што беа подготвени да земат оружје, да застанат на страната на украинската армија и да војуваат против својата земја. Легијата на слободата на Русија беше формирана во март кога повеќе од 100 руски војници застанаа на страната на Владимир Зеленски.

„Во секој случај завршив со оваа војна. Мислев или ќе умрам како окупатор и убиец или ќе умрам со чиста совест, па ја сменив страната“, изјави 26-годишниот поранешен руски војник кој стана член на Легија, кој побара да му се обраќаат со неговото воено име – Арни.

Покрај поранешните војници, легијата очигледно ја сочинуваат Руси кои отпатувале во Украина заедно со други странци за да се борат со украинската армија во месеците по инвазијата. Тоа е една од многуте единици – од Грузијци до Белоруси – кои дејствуваат како дел од Меѓународната одбранбена легија на Украина, која беше формирана од Киев на почетокот на војната.

Сепак, за разлика од другите национални единици, Руската Легија на слободата е обвиткана во тајност – од точниот број на членови до местото каде што се бореше, а некои дури тврдат дека недостатокот на информации сугерира дека тоа е малку повеќе од украински ПР-проект, пренесува „The Moscow Times.

Во она што беше опишано како „манифест“, Легијата во април ветила дека ќе се бори за „нова Русија“ и дека ќе се ослободи од „диктаторскиот режим на рускиот претседател Владимир Путин“.

Војниците во единицата го користат бело-сино-белото знаме, кое стана популарен симбол на руското антивоено движење. Арни, зборувајќи за „The Moscow Times“, рече дека одлучил да се приклучи на легијата за да се бори „за светлата страна“. Една од најстрого чуваните тајни на легијата е нејзината големина, со проценки на над 1.000 војници.

Советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович во јуни изјави дека групата има „неколку стотици членови“. Точните информации за бројот на војниците се доверливи, вели Арни. Тој додаде дека секој ден добиваат над 300 барања за приклучување во единицата.

Единицата е активна на социјалните мрежи каде има повеќе од 94.000 следбеници. Групата во едно видео тврдеше дека има поддржувачи низ цела Русија кои помагаат да се шират информации за тоа како да се стане членка.

Руските медиуми под контрола на државата го доведуваат во прашање постоењето на легијата, нарекувајќи ја лажна или тврдејќи дека е создадена од украинските разузнавачи. Во исто време, Русија приведе најмалку тројца мажи поради нивната поврзаност со Легијата.

Русија ги заостри своите закони за предавство минатиот месец, а оние кои се борат против земјата „во вооружени конфликти, непријателства или други акции“ сега може да се соочат со затворска казна до 20 години.

Слични содржини