Русија ја прекинува испораката на гас за Холандија

од Nikola Popovski

Холандската компанија „GasTerra“ нема да добива гас од руски Газпром од 31 мај, откако одби да плати во рубљи, што е услов на Москва, објавија во понеделник двете компании.

„GasTerra“, која купува и продава гас за холандската влада, објави дека се согласила на друго место да ги купи 2 милијарди кубни метри гас што требаше да ги добие од Газпром во октомври.

50% од компаниите се во сопственост на холандски владини субјекти, а 25% на „Shell“ i „Exxon“.

„Одлуката нема да има ефект врз испораката на гас за холандските домаќинства“, објави холандскиот министер за енергетика Роб Јетен на Твитер.

Во соопштението на „GasTerrа“ се вели дека холандската компанија одлучила да не прифаќа руски услови, вклучително и отворање сметка за плаќање во евра, кои потоа ќе се заменат за рубљи.

Компанијата изјави дека тоа ќе ги прекрши санкциите на Европската унија и дека овој начин на плаќање претставува преголем финансиски и оперативен ризик.

„Газпром“ најави дека прекинот на испораките на гас на „GasTerrа“ ќе продолжи се додека исплатата не се изврши на начин што го предлага Русија.

Слични содржини