Русите убиле свој командант: Приказна од фронтот што го урива митот за Путин

од Nikola Popovski

Командантот на 37-та стрелачка бригада на Русија неодамна беше прегазен од тенк и итно префрлен на лекување во Украина. Тој им подлегнал на повредите неколку дена подоцна, а западен функционер, кој сакал да остане анонимен, тврди дека неговите војници го убиле.

Командантот на 37. стрелачка бригада бил прегазен од руско оклопно возило, по што се здобил со тешки повреди на двете нозе.

„Командантот на бригадата беше убиен од сопствените војници, поради загубите што ги претрпе неговата бригада. Веруваме дека намерно бил убиен од сопствените војници прегазувајќи го со тенк“, изјави за Политико неименуван западен функционер.

Како што пренесуваат дел од западните медиуми, рускиот командант бил прегазен од војниците, а потоа на носилки бил префрлен на лекување во Белорусија, каде подоцна им подлегнал на повредите.

Покрај командантот на 37-та стрелачка бригада, извештаите од Украина укажуваат дека во борбите загинал и генерал-полковникот кој командувал со 49-та армија, што го прави седмиот руски генерал кој е убиен од почетокот на инвазијата.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека првата фаза од воената операција во Украина е главно завршена и дека ќе се фокусира на целосно „ослободување“ на регионот Донбас во источна Украина.

Слични содржини