Руска амбасада објави мапа на која Крим е дел од Украина, па набрзо ја избриша (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Руската амбасада во Јужна Африка објави онлајн мапа на која е прикажан полуостровот Крим, кој Русија го анектираше како дел од Украина. Целта на објавата на страницата на амбасадата на X, порано позната како Твитер, беше да се промовира БРИКС како растечка организација.

Наместо тоа, произлезе од објавата дека руската амбасада го признава Крим како дел од Украина.

Објавата содржела светска мапа на која во границите на Украина се прикажани источните делови на нејзината територија за кои Русија тврди дека ги анектирала, како и Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година.

Исмејувачки коментари на објавата

Сегашните и потенцијалните членови на БРИКС се означени со посебна боја на картата. Основачи на организацијата се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Оваа година, шест дополнителни земји беа поканети да се приклучат на блокот: Етиопија, Аргентина, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Иран.

Украина и нејзините сојузници во Европската унија и НАТО не ги признаваат руските претензии за Крим и источна Украина и повикаа наведените територии целосно да се вратат под контрола на Киев.

Откако беше објавена, објавата на руската амбасада привлече повеќе од 292.000 прегледи, како и голем број на исмејувачки коментари.

Објавата набрзо беше отстранета.

Слични содржини